Сто години од раѓањето на примариус д-р Спиридон Џамбазовски, првиот повоен дерматовенеролог

spiridon_354353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– На денешен ден пред 100 години е роден Спиридон Џамбазовски, познат лекар, борец во НОБ, истакнат општествено политички работник во времето на Социјалистичка Република Македонија. Џамбазовски е првиот македонски лекар, кој по Втората светска војна специјализирал дерматовенерологија.

Џамбазовски е роден во Прилеп на 7 мај 1923 година, а како член на СКОЈ (Сојуз на комунистичка младина на Југославија) веднаш во 1941 година, на 18-годишна возраст се приклучува во народноослободителната борба. По војната Џамбазовски е студент на првата повоена генерација на Медицинскиот факултет во Белград.


По дипломирањето работи во Скопје каде се основа Катедра за дератовенералогија и е асистент, кој држи и практична настава на новоотворениот Медицински факултет кај професор д-р Доне Миовски.

Со оглед на тоа што Македонија тогаш има само тројца лекари за кожни и венерични болести, а во внатрешноста нема ниту еден, Џамбазовски заминува на работа во родниот Прилеп, од каде прегледува и лекува и во Битола и во тој регион. Бил и директор на прилепската болница, а подоцна па до пензија работи во болницата во Битола. Автор е на повеќе стручни трудови од областа на дерматовенерологијата и учесник на бројни конгреси во странство.

Во текот на својот работен век Џамбазовски бил активен на општествено политички план, па така бил претседател на Општина Прилеп (градоначалник), претседател на ОК на СКМ – Прилеп, член на ЦК на СКМ и во два мандати делегат во Собранието на Социјалистичка Република Македонија (пратеник).

Спиридон Џамбазовски почина на 13 мај 1991 година во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK