Крунисувањето на Чарлс: Кралски симболи, потсетник на античката историја

kruna_anglija_3453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– За време на крунисувањето на кралот Чарлс Трети ќе се видат обележја и најблескав накит, а тие предмети, освен што го прикажуваат раскошот на кралското семејство, имаат и симболична и физичка врска со минатото.

Дел од најважните моменти од денешното крунисување:


Две круни 

Круната на Свети Едвард

Круната на Свети Едвард, најважната од кралските круни, ќе биде ставена на главата на Чарлс Трети за време на церемонијата и тоа ќе биде единствениот пат кога ќе ја носи. Се користи само за крунисување и последен пат ја носела кралицата Елизабета Втора, за време на нејзиното устоличување во 1953 година.

Круната е направена од 22-каратно злато за крунисувањето на истоименикот на новиот крал, Чарлс Втори, одржано во 1661 година. Украсена е со полускапоцени камења како рубини, аметисти и сафири. Има четири лакови, четири крста и лилјани. Круната, неодамна прилагодена на големината на главата на Карл, тежи повеќе од два килограма.

На крајот од церемонијата, кралот ќе ја носи империјалната државна круна, која последен пат беше видена во септември минатата година на погребот на кралицата Елизабета Втора.

Направена е во 1937 година за крунисувањето на кралот Џорџ Шести, таткото на Елизабета: Таа се користи за време на говорите на отворањето на новите свикувања на парламенти. Тежи 1,06 килограми, висока е 31,5 сантиметри, има 2.868 дијаманти, 17 сафири, 11 смарагди, 269 бисери и четири рубини.

Исто така, на таа круна е дијамантот Кулинан Втори, вториот по големина камен исечен од дијамантот Кулинан, за кој се тврди дека е најголемиот дијамант некогаш пронајден.

Круна на кралицата Марија

Кралицата сопруга Камила ќе носи круна на кралицата Марија, украсена со 2.200 дијаманти.

Била направена за кралицата Марија, сопругата на Џорџ Шести, за нејзиното крунисување во 1911 година. Палатата објави дека има мали промени за да одговараат на стилот на Камила и во спомен на неодамна починатата Елизабета Втора. Така, во неа биле вметнати уште неколку дијаманти Кулинан III/IV/V од личната колекција на Елизабета. Кралицата честопати ги носеше како брошеви.

Контроверзниот дијамант Кох-и-Нор (Koh-i-Nor) што беше конфискуван од британска источноиндиска компанија во 1849 година, повеќе не се наоѓа на таа круна.

Две кочии 

Чарлс и Камила ќе поминат пократок пат од Бакингемската палата до Вестминстерска опатија отколку Елизабета Втора на нејзиното крунисување во 1953 година. Само на враќање ќе се возат во Златната државна кочија, направена во 1762 година и користена на сите крунисувања од 1831 година. Елизабета се пожали на неудобноста од таа кочија по нејзиното крунисување, опишувајќи го искуството како „ужасно“.

Тежи четири тони, висока е 3,6 метри и долга е седум метри. Ја влечат осум коњи, а поради тежината и староста се движи само со брзина на човечко одење.

На патувањето до опатијата, Чарлс и Камила ќе се возат во помодерна и поудобна кочија направена за дијамантскиот јубилеј на кралицата – произведена во Австралија, а Елизабета првпат ја користела во 2014 година. Тоа е најнова, климатизирана кочија на кралското семејство, која има електрични прозорци, а шест хидраулични стабилизатори спречуваат нишање.

Жезла

Неколку жезла ќе ја засилат симболичката важност на настанот. Најпознат од нив е жезолот со крст, што ја претставува светската моќ и доброто владеење на монархот. На врвот е Кулинан I, најголемиот безбоен дијамант во светот.

Чарлс ќе држи и златно кралско јаболко украсено со дијаманти, смарагди, рубини, сафири и бисери, со аметист и крст.

Велшки крст 

На церемонијата ќе има и сребрен крст што содржи парчиња дрво за кои Ватикан тврди дека биле на Вистинскиот крст, оној на кој бил распнат Исус Христос. Тие парчиња му ги подари на кралското семејство папата Франциско.

Трон за крунисување 

Направен за кралот Едвард Први во 1300 година, овој дабов трон висок два метра се верува дека е најстарото парче мебел во Обединетото Кралство. Под него се наоѓа таканаречениот Камен на судбината, древен симбол на шкотската монархија што бил конфискуван од Едвард Први во 1296 година. Каменот беше вратен во Единбург во 1996 година, но сега е привремено вратен во Лондон за церемонијална употреба.

Чарлс е роден на 14 ноември 1948 година во Бакингемската палата, неговото полно име е Чарлс Филип Артур Џорџ, а тој стана прв во редот на наследството три години подоцна кога умре кралот Џорџ Шести и неговата мајка Елизабета Втора го презеде тронот.

Чарлс ја прекинал кралската традиција кога решил да оди на универзитет веднаш по училиште наместо да се приклучи на војската, избрал да студира археологија и антропологија на Кембриџ пред подоцна да се префрли на историја.

Tој може да свири на неколку инструменти, вклучувајќи пијано, труба и виолончело.

Кога наполнил 21 година, ја добил титулата Принц од Велс, по што научил да зборува велшки.

По универзитетот, тој одлучи да служи во морнарицата, каде што се квалификуваше да лета со хеликоптер, станувајќи првиот член на кралското семејство што завршил курс за скокање со падобран.

Во младоста Чарлс бил поврзуван со бројни жени и важел за најпосакуван ерген.

Тој имаше 21 година кога првпат ја запозна Камила Паркер Боулс (тогаш Шанд), но нивната врска беше прекината со неговата одлука да влезе во Кралската морнарица и таа да се омажи за мајорот Ендрју Паркер Боулс, пријател на Чарлс.

Четири години подоцна, во 1977 година, ја запознал 16-годишната Дијана Спенсер, со која започнал врска три години подоцна, а се венчале во јули 1981 година, во пренос што го гледале 750 милиони луѓе ширум светот.

Во 1982 година двојката го доби синот Вилијам, а во 1984 година Хари. Чарлс и Дијана официјално се разведоа во 1996 година, а една година подоцна таа загина во сообраќајна несреќа заедно со нејзиниот тогашен партнер.

Осум години подоцна се вери со Камила.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK