Првиот час во училиштата во Црна Гора денеска беше посветен на проблемите со врсничкото насилство

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во сите основни и средни училишта во Црна Гора денеска првиот час беше посветен на превенција од насилство во училиштата.

Министерот за образование Миомир Воиновиќ рече дека во првиот час ќе се афирмираат вредности како љубовта, соработката и заедништвото.



Воиновиќ на прес-конференција рече дека директорите ќе бидат максимално посветени на ова и дека ќе се подобри работата на тимовите за спречување насилство во училиштата.

Во Црна Гора вчера почна да работи дигитална платформа на која 24/7 може да се регистрираат сите форми на насилство во училиштата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK