Факултетот за странски јазици-Тирана искажа задоволство од посетата и одржаното предавање на македонскиот амбасадор Марковски

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Албанските медиуми отстапија посебен простор за отвореното предавање на македонскиот амбасадор во Тирана, што тој го одржа вчера на факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана.







Поширока објава има и на официјалната веб страна на факултетот, во која се искажува задоволство од посетата и одржаното предавање.

-Чест и задоволство ни беше што во посета на нашиот Факултетот беше и што присуствуваме на отворено предавање, на амбасадорот на Република  Македонија во Тирана неговата екселенција, Данчо Марковски. Темата на предавањето „Македонско-албанските односи, сегашност и иднина“ предизвика интерес кај студентите и професорите присутни во салата „Европа“, стои во објавата.

Во воведниот говор, деканот на Факултетот за странски јазици, Проф. Д-р. Есмералда Кромида се фокусираше на важноста на академската соработка во регионот на Западен Балкан, улогата на добрососедството во подобрувањето на односите во регионот во однос на почитувањето на вредностите на демократијата и почитувањето на националните малцинства, присутни во двете земји.

-Амбасадорот направи хронолошки, но и актуелен преглед на развојот на односите меѓу двете соседни земји. Во својот говор, го истакна заедничкото патување на двете земји кон членство во евроатлантските структури, континуираните напори за изнаоѓање политички дијалог при договарање меѓусебни договори (признавање на дипломи, економски договор, отстранување на визи и сл.) во сите сектори на меѓудржавна дејност кои означија нови стандарди во комуникацијата меѓу земјите, стои во објвата на фалкултетот.

Се додава дека амбасадорот одговарал на прашањата на присутните студенти во салата во однос на континуитетот на овие односи, во чии одговори „беше потенцирана факторската улога на двете земји во градењето мирен и стабилен регион, како и на младите во изградбата на нивните земји“.

На крајот од предавањето, студентите беа поттикнати што подобро да ги запознаат соседите, да работат напорно за изградба на својата татковина, а им беа поделени и туристички брошури за културното наследство на Република Македонија.

Како што вчера објави амбасадата предавање на амбасадорот Марковски на Универзитетот во Тирана е во рамките на напорите на амбасадата за ревитализација на одделот за македонски јазик, за што Марковски договорил средба на деканката Кромида со директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик и култура, Проф. д-р Весна Мојсова- Чепишевска во текот на месецов.

По Универзитетот во „Фан С. Ноли“ во Корча, Универзитетот Тирана е втората високо образовна институција на која ќе се изучува македонистика и истата е во рамките на владините политики – Министерството за култура за ширење и промовирање на македонскиот јазик и култура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK