Полициски службеници вчера кај Прждевски споменик во близина на Демир Kапија, го привеле М.К.(21) од Скопје. При контрола на возилото „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, било констатирано дека табличките кои биле поставени на возилото биле од друго возило, соопшти МВР.
Претходно, во 17.45 часот, на регионалниот пат Неготино – Демир Капија, М.К. не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, но набргу бил запрен. Возилото било одземено, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.