Воз удрил во едно лице кај Градско, во прекин железничкиот собраќај на релација Гевгелија – Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Патнички воз што сообраќал во утринските часови на релација Гевгелија – Скопје, на железничката станица кај Градско удрил во едно лице, кое починало на самото место. Поради сообраќајната несреќа железничкиот собраќај е во прекин, соопшти Регионалниот ЦУК Велес по информацијата добиена од Македонски железници.







РЦУК – Велес известува дека станува збор за маж кој бил роден 1960 година.

-По пристигнувањето на екипата на Итна медицинска помош од Велес веднаш била констатирана смрт, што настапила од ударот на возот. Јавниот обвинител треба да го потврди тоа, наведуваат од РЦУК Велес.

Од страна на екипи на СВР Велес и Јавен обвинител се уште се врши увид на местото на настанот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK