Полицијата пронајде полициска опрема и оружје во автомобил пред угостителски објект во Струмица.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.Џ.(26) од с.Двориште, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи’’ и Ѓ.Џ.(27) од с.Двориште поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи’’ и „несовесно работење во службата“.
Според информациите на МВР, на 24.05.2026 пред угостителски објект во Струмица, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од првопријавениот, при што биле пронајдени и одземени пиштол „HS 2000” со куршуми, како и разновидна полициска опрема, која била сопственост на неговиот брат, второпријавениот Ѓ.Џ..
Додека, при извршен претрес во домот на второпријавениот, биле пронајдени и одземени куршуми различен калибар, кој ги поседувал без соодветно одобрение.