Маѓар: Зеленски побара транзит на украинското жито преку Унгарија и соседните земји


magjar-14280122.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унгарскиот премиер Петер Маѓар изјави денеска дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од соседните земји – Полска, Романија, Словачка и Унгарија – да овозможат транзит на украинското жито поради блокадата на Црното Море.


Маѓар, кој вчера на билатерална средба со Зеленски се договорил за обновување на односите меѓу Украина и Унгарија, изјави дека не би имал ништо против оваа мерка доколку украинските пратки со жито само транзитираат низ Унгарија, пренесе РТЛ.ху.

Украина се соочува со отежнат извоз на жито по морски пат поради руските напади врз нејзините црноморски пристаништа. Поради тоа, дел од земјоделските производи се пренасочуваат кон копнени транспортни правци преку соседните земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK