Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме


565117474_1412398413575414_3438028007180505374_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ставот на Владата во однос на евроинтегративниот процес е познат и дека е подготвена да разговара и да бара решение.


Одговарајќи на новинарско прашање за обвинувањата од опозицијата дека Владата го кочи евроинтегративниот пат и дали ова прашање ќе биде отворено на најавената средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Мицкоски рече дека нема што да додаде на досега изнесените позиции.

„Нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни, ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и на крајот од денот да најдеме решение“, изјави Мицкоски.

Тој упати и критики кон опозицијата, оценувајќи дека нејзините ставови стануваат сè порадикални и личи како да се дојдени од некоја Али експрес испорака на некоја друга опозициска партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK