(Фото/Видео) Автоматски пушки, снајпери и муниција откриени во Скопје, уапсен член на ИСИС кој врбувал млади лица да вршат тероризам


13.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата вчера спроведе акција во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје. Уапсено е едно лице, член на ИСИС, кое вршело индоктринација на млади лица за исполнување на цели на терористичката организација ИСИС.


Од МВР информираат дека се извршени претреси кај шест лица, на вкупно 12 локации на подрачјето на Град Скопје, при што се уапсени пет лица.

„При извршените претреси, се пронајдени и одземени автоматски пушки, рамки за автоматски пушки, снајперска пушка, рамка за снајперска пушка, пиштоли, куршуми од различен калибар, тактички елек, радио врски, официјално знаме на терористичката организација ИСИС, поголема количина на електронски уреди, мобилни телефони, како и поголема сума на денарски и девизни парични средства“, соопшти МВР.

Во текот на претресите е утврдено и неовластено користење на електрична енергија, за што се преземаат дополнителни мерки и активности согласно законските надлежности.

„К.И. (34) во 2023 година започнал со делување во рамки на злосторничка организација – огранок со основи на идеолошка матрица на терористичката организација ИСИС, со цел извршување на кривични дела на територијата на нашата држава. Како припадник на терористичката организација ИСИС, вршел индоктринација на млади лица за исполнување на цели на терористичката организација ИСИС, а исто така ширел пропаганден материјал со екстремна и радикална содржина и набавувал и ракувал со огнено оружје. Б.А.(24) и Е.С.(30) заедно со К.И. формирале група во која неовластено поседувале, посредувале и тргувале со огнено оружје и муниција“, велат од МВР.

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на 29.09.2026 до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против три лица од Скопје, К.И. (34) за сторени кривични дела „тероризам“  и кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“, како и против Б.А. (24) и Е.С. (30) за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK