(Видео) Цветаноски: Мицкоски и економски ја изолира Македонија, со „Made in EU“ се намалува пазарот за нашите производи


simona-cvetanovski-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Симона Цветаноски, членка на ИО на СДСМ на денешната прес-конференција истакна дека изолацијата значи помалку европски пазар за македонскиот производ.


„ЕУ подготвува нови правила. Јавните набавки и јавните пари ќе одат прво на стока направена во Европа. Челик. Цемент. Алуминиум. Автомобили. Чиста енергија. Цел: производството во ЕУ од 14,3 отсто да стигне 20 отсто до 2035.

Кој не е внатре, потешко доаѓа до тие пари“, вели Цветаноски.

Потсети дека Македонија не е членка на ЕУ и нашите производи, како што рече автоматски не е „мејд ин ЕУ“.

„Има адут – спогодбата за јавни набавки на СТО од 2023 a но тоа само по себе не го прави катализаторот од тука европски производ.

Ако победи построгата линија, фабриките надвор од Унијата остануваат зад вратата. Ако победи поширокиот модел, влегуваат партнери што даваат реципроцитет и што Брисел ги смета за блиски.

Блискоста со ЕУ се гради со реформи. Не со ходник и со антимон“.

Поради неисполнување на реформите, предупредува таа, можеме да се соочиме и со недобивање пари од ЕУ – нема грантови, нема неповратна помош.

„ЕУ е нашиот пазар. Во првите седум месеци извоз 5,1 милијарда евра. Унијата држи 58,7 отсто од трговската размена.

Катализатори, кабли за коли, делови за седишта – ние сме алка во туѓ синџир. Кога синџирот ќе рече „само Европа“, нашата алка отпаѓа.

Нема Европа – нема подобар живот, нема поголем стандард за граѓаните на Македонија. Нема повисоки минимални плати. Нема повисоки пензии за пензионерите. Нема млади – заминуваат во Европа“.

Македонија, оценува Цветаноски, останува само како слепо црево на Балканот и на Европа. „Тоа е цената на изолацијата што ја води арамијата Мицкоски.

Кој ја запира интеграцијата, го стеснува извозот и економски ја изолира земјата.

Фабриките во Македонија не живеат од Фејсбук постовите на арамија Мицкоски. Живеат од нарачките во земјите на ЕУ.

СДСМ го кажува просто. Патот кон Унијата не е каприц. ЕУ е пазар, работа, економија и стандард.

Бандата го замени со провизија и со руда. Резултатот не е стратегија туку изолација“.

Изолацијата, како што вели, значи помалку европски пазар за македонски производ. „Тоа ќе го платат работниците. Не Мицкоски“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK