(Видео) Кузеска: Ќе го блокираме планот за рудниците


kuzeska-sdsm-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СДСМ денеска ја обвини Владата дека планира отворање нови рудници и експлоатација на антимон, како и реализација на проекти за дата-центри, за кои партијата тврди дека се во интерес на приватни компании.


Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција ги посочи Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица и Луке како локации на кои, според партијата, се планираат нови рударски проекти, а рече дека се предвидени геолошки истражувања и на планината Кожув.



„Во тек е голема пљачка на Македонија! Пет нови рудници. Иловица–Штука, Казандол, Плавица, Кадиица, Луке, планирани геолошки ископи и на планината Кожув.

Нов рудник и за антимон, метал за воена индустрија.

Продавачи на оружје му ги плаќаат состаноците по хотели и ходници во САД. А тој им враќа со земја и испоп.

Ископ на отровен антимон за муниција. Провизијата за нив. Сметка за народот.

Мицкоски вели резервите биле поголеми од првиот и вториот производител во светот. Не кажа колку тони. Не кажа каде. Не кажа кој копа. Не кажа што останува за селата до јаловиштето.

Истата шема како кај дата-центрите: пет-шест фирми под радар, веќе договорени.

За две и пол години Мицкоски нема ниту еден економски резултат. Кошничката е до плафон, 90 илјади денари. Народот едвај врзвува крај со крај.

Затоа што Мицкоски државата ја гледа како плен. Нема економски политики, има грабеж!

ЕСМ тоне. Државата се задолжува а тие со Адамовиќ и Лазаревиќ, преку линковите со Руднап и Божиновска, тераат бизниси со струја и со броила.

Тоа се приоритетите на Мицкоски. Бизнисот, провизиите, профитите.

Под радарот и далеку од очите на граѓаните арамијата Мицкоски ги става во ризик водата и земјата на штета на здравјето на луѓето.

Ова е грабеж, пљачка и СДСМ силно ќе се спротистави.

Заедно со граѓаните ќе го блокираме планот за рудниците“, рече Кузеска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK