Сушењето алишта на прозорци и балкони е забрането во едно француско место во близина на Лион. Одлуката ја донел градоначалникот на Тизи-ле-Бур, Реми Берту, од партијата Национално обединување.
Според новото правило, жителите не смеат да оставаат облека која е видлива од улицата. Мерката важи за целата општина, а особено ги засега станарите кои немаат балкон или сопствен двор.
Градоначалникот одлуката ја правда со потребата да се подобри изгледот на местото и да се ревитализира центарот. Француските медиуми пренесуваат дека на одлуката и претходеле и поплаки од локални бизниси.
За оние кои нема да го почитуваат правилото е предвидена парична казна, но нејзиниот износ засега не е објавен.
Одлуката предизвика поделени реакции кај жителите. Градоначалникот, пак, нагласува дека мерката не е насочена кон ниту една конкретна населба или група граѓани.
Правилата за сушење алишта на отворено се разликуваат од земја до земја. Во Германија, на пример, не постои општа забрана за сушење алишта на балкони и тераси, но во одредени случаи куќниот ред или конкретни околности може да постават ограничувања.