Во ДПМ ќе биде врачена наградата „Даница Ручигај“


vrachuvanje-na-nagradata-danica-ruchigaj-za-2026.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 26.9.2026 г. (сабота) во 19 часот во просториите на Друштвото на писателите на Македонија ќе ѝ биде врачена наградата „Даница Ручигај“ на годинашната добитничка Даниела Андоновска-Трајковска, која ѝ се доделува за необјавената стихозбирка „Синтакса на постоењето“.


За наградената книга ќе зборува писателот Петре Димовски, а добитничката на наградата ќе има книжевен настап со читање на своите песни од „Синтакса на постоењето“.

На настанот, со своја музичка точка ќе настапи и пејачката Ангела Иваноска.

„Синтакса на постоењето“ од Даниела Андоновска-Трајковска е добитник на наградата „Даница Ручигај“ за 2026 година, во конкуренција со единаесет други необјавени поетски ракописи. Во книгата, авторката преку инвентивен поетски јазик, контрасти и парадокси го отвора прашањето за човекот, доброто и злото, јазикот и потрагата по смисла. Спојувајќи го реалното и ониричното, таа гради сложен поетски свет во кој зборот не е само средство за изразување, туку и простор за преиспитување на постоењето.

Книгата, втора во едицијата „Даница Ручигај“, ќе биде претставена во рамките на свеченото доделување на наградата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK