Бени Бланко и Селена Гомез не ја кријат љубовта еден кон друг; секогаш кога се појавуваат на некој настан или објавуваат фотографија на социјалните мрежи, среќата на нивните лица е очигледна.
View this post on Instagram
Музичкиот продуцент Бени Бланко (38) гостуваше во емисијата на Џена Буш Хегер, Open Book with Jenna, за да зборува за својата нова книга, „F*ck Failure“. За време на разговорот, Бланко – кој е во брак со Селена Гомез – отворено зборуваше за својата возбуда околу идното родителство и ѝ објасни на Буш Хегер зошто не се плаши да зачекори во оваа нова животна фаза.
„Некои од негативните аспекти на моето детство ми помогнаа да стигнам таму каде што сакам да бидам и ми дадоа храброст и смелост да направам нешто поинакво. Не се плашам. Мислам, секако, сакам да бидам најдобар родител и најдобар партнер. Возбуден сум за денот кога тоа конечно ќе се случи.“
View this post on Instagram
Понатаму во разговорот, Бланко го објасни својот поглед кон неуспехот и како планира да го примени тој начин на размислување во својата идна улога на татко.
„Сигурен сум дека кога тоа конечно ќе се случи, ќе правам грешки, и тоа е во ред. Неуспехот во реалниот живот е токму она што ќе го обликува моето дете; тоа е она што малку ќе го исфрли од рамнотежа, но и она што ќе го направи посебно.“
View this post on Instagram
„Мислам дека тоа е важно, бидејќи сите ги имаме тие дамки во нашите училишни досиеја, но нивното постоење всушност прави сè да изгледа многу подобро – па можеш да кажеш: ‘А сега имам петка’“, продолжи тој.
Коментарите на Бланко уследија откако тој се појави како гостин-водител во емисијата „Today with Jenna & Sheinelle“, каде што исто така зборуваше за своите планови за деца во иднина. За време на воведниот дел од емисијата, Бланко зборуваше за неодамнешната објава на неговата партнерка, во која таа ја сподели својата желба еден ден да стане мајка и да основа свое семејство.
View this post on Instagram
„Да. Работам на тоа“, рече Бени Бланко.