Четири милиони денари финансиска поддршка за спортските клубови во Општина Бутел


sport-2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Бутел денеска додели финансиски средства во износ од 4 милиони денари, за поддршка на спортските клубови од општината.


„Општина Бутел е најспортската општина во Македонија. Локалната самоуправа промовира политики за поддршка на спортот и постојано вложува во развој на сите спортови“, изјави градоначалникот Дарко Костовски.

Тој изрази надеж дека финансиската поддршка ќе поттикне напредок во сите спортови и дека спортистите ќе освојуваат европски и олимписки медали.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK