Реал Мадрид загуби од Атлетико Мадрид на гостински терен во градското дерби со 2:1. По само седум рунди, Реал веќе има шест бода помалку од Барселона. Тренерот на Реал, Жозе Мурињо, ги обвини судиите за поразот во дербито. Поранешниот играч на Реал и Челзи, Клод Макелеле, гима поинаков став, ги обвини Мурињо и играчите за неуспехот.
„Играчите на Реал не се разбираат меѓусебно. Нема комуникација меѓу тренерот и играчите. Мурињо мора сериозно да разговара со своите играчи. Овој тим на Реал е слаб. Не постои план во играта, ништо, ништо, ништо. Реал Мадрид мора да се подобри, очекувам многу повеќе од нив“, изјави поранешниот француски репрезентативец за ESPN.
Поразот во градското дерби од Атлетико значи дека Реал го имаше најлошиот почеток на сезоната од летото 2020 година. Тие имаат само 15 бода во првите седум кола, шест години претходно го отворија првенството со 13 бода.
Реал ги победи Еспањол, Реал Сосиедад, Малага, Рајо Ваљекано и Елче, но ги загуби двата дерби натпревари: кај Бетис и сега кај Атлетико.
Foto/ Depositphotos