31-годишен скопјанец е пронајден починат во водите на Охридското езеро


Ohridsko-Ezero.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 22:00 часот, по преземени мерки од полициски службеници од езерската полиција и од СВР Охрид, во близина на авто камп, на околу 50 метри од копно во водите на Охридското езеро, пронајден е починат 31-годишниот Б.С. од Скопје.


Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, препознавање извршил член на неговото семејство а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Инаку, на 14.09.2026 во 18:10 часот во СВР Охрид, З.С. (68) од Скопје за исчезнат го пријави неговиот син Б.С.(31) од Скопје, со кого престојувал во автокамп во Охрид.  

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK