(Видео) Во Газа се урна зграда во која биле сместени раселени семејства; меѓу загинатите има четири деца


14282609.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 12 лица, меѓу кои и четири деца, загинаа денес во Газа при уривање на една зграда. Во зградата биле сместени шест раселени семејства. Според податоците од болницата „Шифа“, загинале најмалку 12 лица, а 15 се повредени, пренесува АП.


Десетици луѓе се водат како исчезнати или се заробени под урнатините. Според проценките повеќе од 60 лица се водат како исчезнати. Екипите за цивилна заштита ги пребаруваат урнатините и користат багери во обид да стигнат до преживеаните.

Зградата била делумно оштетена во израелски напад претходно во текот на војната. Точната причина за целосното уривање сè уште не е утврдена.

Повеќето објекти во Газа се оштетени или уништени, а десетици повеќекатници се урнале за време на речиси тригодишната војна, особено за време на зимските невремиња. Уривањето на оштетените згради претставува сериозна опасност во Газа, бидејќи раселените семејства често се враќаат од шаторските населби во домови оштетени од бомбардирањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK