Манчестер Сити, како гостин, го победи Манчестер Јунајтед со 1:0, во 199-то дерби на Манчестер. Сити, од 23-та минута играше со фудбалер момалку, но и покрај тоа славеше победа со голот на Ерлинг Халанд.
Големото дерби привлече големо внимание како што се очекуваше, но првите 20 минути не донесоа многу возбудувања. Сепак, ситуацијата целосно се промени во средината на првото полувреме.
Бруно Фернандеш и Фил Фоден влегоа во дуел кој се претвори во инцидент. Фернандеш се чинеше дека направи прекршок и успеа да го испровоцира Фоден . Играчот на Сити, реагираше невнимателно и го удри играчот од средниот ред на Јунајтед во стомакот. Судијата му покажа директен црвен картон.
Фоден со тоа стана првиот играч на Манчестер Сити кој беше исклучен во дербито на Манчестер од 2006 година. Јунајтед доби предност на теренот, но не успеа веднаш да ја претвори во сериозна доминација.
Домашниот тим најблиску до предност во првиот дел беше во финишот, Маркус Рашфорд изведе слободен удар од околу 23 метри, го совлада Џанлуиџи Донарума, но топката ја погоди стативата.
Истата статива повторно беше сојузник на Сити пет минути по почетокот на второто полувреме. Коби Маину шутираше силно од далечина, Донарума беше немоќен, но топката повторно заврши во рамката на голот.
Иако имаа играч повеќе и притискаа кон голот на противникот, Манчестер Сити поведе. Јошко Гвардиол центрираше, а Халанд ја затресе мрежата. Голот првично беше поништен поради офсајд, но по проверката беше утврдено дека норвешкиот напаѓач е во легална позиција.
Halaand goal how is not offside pic.twitter.com/U1LAKVMKxH
— Icon Navy Navy (@navy_icon) September 13, 2026
Сити можеше да го реши мечот пет минути подоцна, но усдарот на Енцо Фернадез од далечина, Леменс го одбрани со помош на стативата.
Јунајтед се обидуваше до крајот да ја искористи бројчената предност, но не успеа да создаде доволно опасни ситуации. Брајан Мбеумо се закани со глава, додека Фернандес се обиде со шут од далечина, а во 95-та минута Донарума брилијантно го запре обидот на Мбеумо.
Манчестер Сити на тој начин ја зачува минималната предност со десет играчи и оствари голема победа во дербито. Тимот ја продолжи својата серија без пораз на гостински терен на осум натпревари.
Foto/ EPA