Пациент со повреда на ’рбетот почна да губи невролошки функции, тим од ТОАРИЛУЦ итно замина во Прилеп


operacija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 

Вчера, заедно со тим од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, директорот д-р Мерџаноски замина во болницата „Борка Талески“ во Прилеп, за итно оперативно лекување на пациент со повреда на ’рбетот, кај кого започнале невролошки испади на долните екстремитети.


– Вчера доцна навечер директорот на болницата „Борка Талески“, д-р Кире Јоноски, нè информираше за влошувањето на состојбата. Веднаш ја започнавме потребната организација за пациентот навремено да ја добие неопходната специјализирана помош. Како директор на ТОАРИЛУЦ, трауматолог и спинален хирург, заедно со анестезиологот д-р Александар Димитроски и нашиот тим, ќе направиме сè што е во наша моќ за да го спасиме пациентот и да спречиме понатамошно невролошко оштетување, напиша Мерџаноски на својот Фејсбук профил.

Ова е вистинската смисла на дисперзираната здравствена услуга – стручниот тим да стигне до пациентот таму каде што е најпотребен, дури и во најитните случаи, без оглед на денот, времето или местото.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK