Од 340 на 560 милиони евра – Обвинителството да го истражи поскапувањето на пругата кон Бугарија, бара Велјановски


veljanoski.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, побара Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за железничкиот Коридор 8, посочувајќи дека проценетата вредност на третата фаза, пругата Крива Паланка – граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра.


Според Велјановски, ДЗР утврдил дека проценетата вредност на оваа делница се зголемила од 340 на 560 милиони евра.

„Извештајот на ДЗР потврдува дека во главите на СДС и ДУИ биле само провизии, проценти, тендери. Наместо да работеа во интерес на граѓаните, талогот работеше во интерес на својот џеб“, изјави Велјановски.

Тој побара СДСМ и ДУИ да одговорат зошто реализацијата на проектот доцнела со години и зошто неговата проценета вредност се зголемила за 220 милиони евра.

„Зошто граѓаните да плаќаат 220 милиони евра повеќе? За ликови како Филипче и Заев да ги полнат своите џебови?“, праша Велјановски.

Станува збор за третата фаза од источниот дел на железничкиот Коридор 8, од Крива Паланка до границата со Бугарија.

Велјановски тврди дека актуелната Влада работи на изнаоѓање одржливо решение за реализација на железничкиот Коридор 8 и стратешкото железничко поврзување.

Истовремено, тој го повика Јавното обвинителство да го разгледа ревизорскиот извештај и да утврди дали постојат основи за понатамошно постапување.

„Не смееме да заборавиме на претходните црнила кои ги наследивме, а за кои бараме од Јавното обвинителство да го истражи ревизорскиот извештај на ДЗР и да постапи согласно истиот“, рече Велјановски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK