Зверев против Шелтон за титулата во Њујорк


14285261.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Александар Зверев и Бен Шелтон ќе се борат за титулата на Отвореното првенство на САД.


Германецот прв обезбеди место во големото финале, со победата над Карен Хачанов во три сета – 6:3, 7:6 (9:7), 7:6 (8:6), а неколку часа подоцна Шелтон ја доби американската пресметка против Франсис Тијафо со 4:6, 6:3, 6:3, 7:5.

Двајцата финалисти стигнаа до борбата за трофејот по сосема различни патишта.

Против Хачанов, Зверев одигра токму таков натпревар што се очекува од првиот носител. Не се истакнуваше, но беше најдобар кога беше најпотребно. Го реши првиот сет со еден брејк и го доби со 6:3, но од тој момент, Хачанов го подигна нивото на својата игра и сериозно му се закани на шампионот на годинашниот Ролан Гарос.

Русинот успеа да го врати раниот брејк во вториот сет, по што немаше брејк до крајот на сето, а во тај-брејкот. Зверев пропушти две сет-топки, но ја искористи третата за огромни 2:0.

По слично сценариот се одвиваше третиот сет и тој беше решен во 13-та игра. Хачанов водеше со 3:0, а потоа и со 5:2.

Имаше и две сет топки на 6:4 и се чинеше дека полуфиналето ќе го добие четвртиот сет. Наместо тоа, Зверев освои четири поени по ред. Од 4:6 до 8:6 за пласман во второто финале на Ју-ес Опен, прво то го играше во 2020 година, кога загуби во пет сетао од Доминик Тим.

Зверев во њујорк пристигна како Гренд слем шампион. Зверев го освои Ролан Гарос оваа година, а сега ќе се обиде да го подигне вториот најголем трофеј во истата сезона. Сепак, публиката на „Артур Еш“ ќе го има за кого да навива.

Бен Шелтон го игра најдобриот турнир во кариерата и по спектакуларната победа над бранителот на титулата Карлос Алкараз во четвртфиналето, успеа да направи уште еден чекор кон освојувањето на трофејот. Овој пат од другата страна на мрежата беше Франсис Тијафо.

Тијафо го отвори големиот американски дуел подобро и го реши првиот сет во своја корист со 6:4, но одговорот на Шелтон беше брутален. Осмиот носител го зголеми интензитетот, почна да притиска уште повеќе со сервисот и ги доби следните два сета со идентичен резултат – 6:3, 6:3.

Тијафо не се предаде. Четвртиот сет беше далеку понеизвесен, а како што се приближуваше тајбрејкот, притисокот врз двајцата Американци растеше. Сепак, сетот на стигна до тај брејк. Шелтон решавачкиот удар го зададе во со еден брејк за конечни 7:5.

На само 23 години, тој доби шанса да го направи она што американскиот тенис го чека повеќе од две децении. Последниот Американец што го освои Отвореното првенство на САД беше Енди Родик во 2003 година, а оттогаш ниту еден американски тенисер не го кренал трофејот на еден од четирите најголеми турнири.

Шелтон сега е на една победа од прекинување на тој пост, но патот до него нема да биде лесен.

Зверев има совршен резултат од 5:0 против него, но двајцата тенисери никогаш не се сретнале на Гренд слем.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK