Новата сезона на англиската Премиер лига започнува со натпреварот помеѓу Арсенал и Ковентри во петок, а организаторите на натпреварувањето воведоа четири нови правила.
За разлика од неодамна завршеното Светско првенство, во Англија нема да има пауза за освежување. Официјално се потврдени четири промени, кои се однесуваат на справувањето со повредите на играчите, извршувањето на прекините, времетраењето на замените и употребата на ВАР технологијата.
Повреди на играчи
Играчот на кој му се помага на теренот ќе мора да ја напушти играта на една минута. Целта на ова правило е да се спречи задржувањето на времето и симулиранењто. Играчот кој лежел на теренот за неговиот тим да добие време нема да може веднаш да се врати во играта, туку само по истекот на една минута.
„Крадење“ на времето
Судиите ќе почнат да одбројуваат пет секунди кога е очоигледно дека дека се „краде“ од времето, односно кога топката излегува надвор од границите на теренот. Ова значи дека уфрлувањето на топката во теренот мора да се извршат во рок од пет секунди од моментот кога играчот ќе ја земе топката. Доколку ова време се пречекори при изведување на аут, топката се доделува на противничкиот тим. Во случај на доцнење кога станува збор за гол-аут, противничкиот тим ќе добие корнер.
Замени на играчи
Воведен е временски рок од 10 секунди за правење замени на играчи. Доколку тој рок се пречекори, резервниот играч не може да влезе во играта. Ќе мора да почека за првиот следен прекин откако ќе помине една минута.
Примена на ВАР
ВАР проверка е воведена и за ситуации во кои играчот добива втор жолт картон што води до исклучување. Правилото се однесува исклучиво на случаи каде што веќе е доделен втор жолт картон. ВАР нема да се користи за преглед на ситуации каде што судијата можел, но не доделил втор жолт картон.
Foto/ Depositphotos