Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, соопшти дека е потврден новиот состав на Извршниот комитет на организацијата, при што за генерален секретар е избрана Елена Ивановска, а за потпретседателки Ане Лашкоска и Ленче Нелоска. Митева оцени дека новиот тим претставува „нова енергија и силен кадровски потенцијал“ составен од жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство.
„Нова енергија и силен кадровски потенцијал. Силно верувам во овие жени со богато професионално, академско, општествено и политичко искуство!
Елена Ивановска е избрана за Генерален Секретар на Унијата на жени! Ивановска е долгогодишен член на партијата со богато професионално искуство. Во моментот е државен секретар во Министерството за образование и наука.
Ане Лашкоска и Ленче Нелоска се избрани за потпретседателки на Унијата на жени!
Лашкоска е поранешна пратеничка, а од 2024 година е избрана за заменик министерка за животна средина и просторно планирање.
Нелоска е доктор специјалист по дерматологија со долгогодишно искуство во здравствениот сектор. Во моментот ја извршува функцијата директор на Геронтолошкиот завод во Скопје.
Ана Дурловска, симболот на уметничка извонредност, истакнат македонски оперски уметник со меѓународна кариера и еден од најпрепознатливите културни амбасадори на нашата Македонија.
Мирела Василева е специјалист по дерматовенерологија, раководител на Одделението за дерматовенерологија при Клиничката болница – Штип, доцент на Медицинскиот факултет при УГД и автор на бројни научни трудови.
Ана Шутиновска Лазаревска дипломиран новинар, една од најпрепознатливите комуникациски професионалци во Македонија, чија експертиза во медиумите, јавната комуникација и модерирањето ја прави авторитет и инспирација во својата област.
Љупка Стефановска е етнокореолог, кореограф и насловен доцент на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, автор на научни трудови и книги, со значаен придонес во истражувањето, зачувувањето и промоцијата на македонското фолклорно наследство.
Марија Карапанчева е магистер по развој на човечки ресурси со повеќе од 20 години професионално искуство, а моментално е советник за организациски развој и еднакви можности во Канцеларијата на претседателот на Владата.
Андреа Ѓошевска е дипломиран правник, магистер по казнено право и советник за правни работи во Канцеларијата на претседателот на Владата, со долгогодишно професионално искуство.
Надица Андреева е дипломиран политиколог и советник за комуникации, односи со јавноста и координација на Прес-службата во Кабинетот на претседателот на Владата, со долгогодишно партиско и професионално искуство во политички комуникации и јавност.
Ружица Николовска истакнат застапник на правдата, адвокат и магистер по казнено право, со долгогодишно професионално искуство, лиценциран самостоен адвокат и активен учесник во развојот на правната професија преку едукации и стручни ангажмани.
Даниела Димовска е магистер по право, а во моментот ја извршува функцијата директор на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА.
Елена Кочоска е дипломиран економист и експерт за јавни политики и човекови права, со повеќе од 25 години искуство во областа на унапредувањето на правата и инклузијата на лицата со попреченост, како и во креирањето јавни политики на национално и меѓународно ниво.
Ирена Алексиоска Папестиев е специјалист по гинекологија и акушерство, актуелна директорка на ЈЗУ „Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство“ и вонреден професор на Медицинскиот факултет при УКИМ, со долгогодишно клиничко и научно искуство.
Маре Богева Мицовска е доктор по правни науки и експерт со повеќе од 22 години професионално искуство во областа на јавните набавки, актуелен директор на Бирото за јавни набавки, со долгогодишно искуство во реформирање и унапредување на системот на јавни набавки.
Наташа Јанушева е дипломиран педагог и магистер по менаџмент на јавен сектор, директорка на детска градинка „Димче Мирчев“ – Велес, со долгогодишно искуство во предучилишното образование и развојот на воспитно-образовниот процес.
Билјана Кузманоска е дипломиран економист – менаџер и пратеничка во Собранието, со професионално искуство во финансиите.
Ивана Лазаревска е дипломиран социјален работник со долгогодишно искуство во социјалната заштита, а во моментот е раководител на АДИССДП ПО Куманово.
Дијана Илиевска е дипломиран професор по одделенска настава и пратеничка во Собранието, со долгогодишно искуство во образованието и локалната самоуправа.
Драгана Арсова е дипломиран правник со положен правосуден испит, со професионално искуство во нотаријатот и јавниот сектор, а моментално е пратеничка во Собранието.
Катерина Димитровска е дипломиран менаџер по човечки ресурси и пратеничка во Собранието, со долгогодишно организациско и политичко искуство.
Анета Марковска Илиевска е дипломиран музичар теоретичар и педагог, магистер по менаџмент на човечки ресурси, член на Советот на Град Скопје.
Даниела Трпеска е дипломиран економист, раководител на Подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување во Гостивар и активна во локалната самоуправа.
Марија Нацева е дипломиран економист и градоначалничка на Општина Неготино, со долгогодишно искуство во финансии, локална самоуправа и јавни политики.
Бети Стаменкоска Трајкоска е дипломиран професор по географија, долгогодишен просветен работник, поранешна пратеничка и актуелна градоначалничка на Општина Кисела Вода.
Наталија Димитриева е дипломиран професор по предучилишно образование и градоначалничка на Општина Демир Капија, со долгогодишно искуство во образованието и управувањето со јавни установи.
СИЛНО ВЕРУВАМ ВО СЕКОЈА ЕДНА!
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на создавање можности за поголемо учество на жените во јавниот и политичкиот живот, поттикнување на лидерството, меѓусебната поддршка и активното вклучување во процесите што придонесуваат за развојот на државата и ВМРО-ДПМНЕ со цел создавање подобар живот за сите граѓани!“, напиша Митева.