Авион на „Американ ерлајнс“, кој летал од Рим кон Филаделфија, принудно слетал во Даблин откако неколку членови на екипажот почувствувале мачнина и вртоглавица.
Од авиокомпанијата соопштиле дека во кабината бил забележан необичен мирис, но засега не е утврдено од што потекнувал. Според неофицијални информации, здравствени тегоби почувствувале шест од деветте членови на кабинскиот екипаж.
Авионот безбедно слетал во ирската престолнина, каде што го пречекале медицински екипи. Патниците биле пренасочени на други летови, додека авионот останал во Даблин за техничка проверка. Причината за инцидентот сè уште се истражува.