Отаменди се прости од Аргентина: „Ги пишувам најтешките зборови во кариерата“


nikolas-otamendi-depositphotos_253489856_l-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден од најважните аргентински дефанзивци во изминатите години, Николас Отаменди, објави дека ја завршува репрезентативната кариера.


Искусниот стопер по 17 години повеќе нема да го носи дресот на „гаучосите“.

Отаменди се прости од репрезентацијата неколку дена по финалето на Светското првенство во 2026 година, кое воедно беше и негов последен настап за Аргентина.

За националниот тим одигра 139 натпревари и беше еден од клучните фудбалери во периодот на најголемите успеси на Аргентина во последните децении.

Во текот на репрезентативната кариера го освои Светското првенство во Катар во 2022 година, како и две изданија на Копа Америка. Покрај тоа, двапати играше во финале на Мундијал.

Неговиот последен натпревар за Аргентина беше финалето на Светското првенство во 2026 година, во кое Аргентина по продолженијата загуби од Шпанија со 1:0.

Од навивачите се прости со емотивна порака на социјалните мрежи.

„Ги пишувам најтешките зборови во мојата кариера. Судбината сакаше мојот последен натпревар во дресот на репрезентацијата да биде финале на Светско првенство. Тоа не беше резултатот на кој се надевав, но заминувам со крената глава, бидејќи дадов сè од себе до последната секунда“, порача Отаменди.

По завршувањето на минатата клупска сезона, аргентинскиот дефанзивец се врати во татковината, каде што кариерата ќе ја продолжи во дресот на Ривер Плејт.

Во текот на богатата кариера настапуваше за повеќе европски клубови, меѓу кои Порто, Валенсија, Манчестер Сити и Бенфика. Во секој од нив остави значајна трага.

Со заминувањето на Отаменди, Аргентина останува без еден од најискусните играчи на својата генерација, кој беше дел од една од најуспешните ери во историјата на репрезентацијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK