ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ дека ја злоупотребува состојбата со водоснабдувањето во Гостивар за политички цели и дека шири паника и дезинформации меѓу граѓаните.
Во партиското соопштение се наведува дека СДСМ, предводена од Венко Филипче, наместо да понуди решенија, ја користи актуелната состојба за политички маркетинг и создавање вознемиреност кај јавноста.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека владините институции реагирале навремено и дека проблемот со водоснабдувањето во Гостивар ќе биде решен во краток рок. Воедно, ја обвинуваат локалната власт во Гостивар, која е предводена од коалиција на СДСМ, ДУИ и Алијанса за Албанците, дека нема капацитет да управува со општината.
Партијата повика сите политички чинители да покажат одговорност и јавноста да биде информирана со факти, оставајќи им простор на институциите професионално да ја извршуваат својата работа.