Општина Гостивар: Граѓаните да се информираат само од официјални соопштенија, не од социјални мрежи


gostivar.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Гостивар ги повикува граѓаните да се информираат само од официјални соопштенија, а не од лажни информации на социјалните мрежи.


„Општина Гостивар, Кризниот штаб на централно и локално ниво, како и ЈП „Водовод и канализација – Скопје“, интензивно работат на терен за нормализирање на состојбата со водоводниот систем. Ги повикуваме граѓаните, за текот на процесот, да се информираат исклучиво преку официјалните соопштенија на надлежните институции и да не шират или да не се потпираат на лажни информации што кружат на социјалните мрежи“, велат од Општината.

Додаваат дека за секој нов развој на настаните, граѓаните ќе бидат навремено информирани, како за анализите и резултатите од квалитетот на водата, така и за состојбата на водоводниот систем.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK