Инфо за проектот


GRB-3.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ:

Целосен назив на проектот: Иновативни решенија за подобрување на водоснабдувањето во селата и справување со недостигот на вода кај отпорни рурални и планински подрачја


https://watervill.interreg-euro-med.eu/

Повик: Interreg Euro-MED

Акроним на проектот: WATERVILL

Приоритет на програмата и специфична цел: Развивање и подобрување на капацитетите за истражување и иновации, како и примена на напредни технологии.

Мисија на проектот: Зајакнување на одржлива иновативна економија

Времетраење на проектот: 45 месеци

Вкупен буџет: 3 686 745,44

Интеррег средства: 2 949 396,35

Вкупен буџет за општина Битола: 312.465

ПАРТНЕРИ ВО ПРОЕКТОТ:

Општина Жабљак – водечки партнер (MoZ)

Мрежа на организации на локалната самоуправа на Југоисточна Европа (NALAS)

Сојуз на општини и градови на Република Српска (AMCRS)

Општина Битола (MoB)

Бугарска асоцијација за вода (BWA)

Општина Илирска Бистрица (MoIB)

Здружение на општини на Словенија (SOS)

Град Теслиќ (CoT)

Машински и поморски факултет, Универзитет во Загреб (UNIZAG)

Универзитет во Западна Македонија (UOWM)

Политехнички универзитет во Валенсија (UPV)

Заедница на единици на локална самоуправа на Република Северна Македонија (ZELS)

Проект WATERVILL: Подобрување на управувањето со водоснабдувањето во руралните и планинските области на Медитеранот

Проектот WATERVILL е стратешка иницијатива во рамките на програмата Interreg Euro-MED, насочена кон подобрување на одржливото и климатски отпорно управување со системите за водоснабдување во руралните и планинските области на Медитеранскиот регион. Проектот обединува широко партнерство на институции, академскиот сектор, националните и локалните власти, како и мрежните организации за дисеминација на резултатите со заедничка цел за подобрување на ефикасноста, отпорноста и одржливоста на системот за водоснабдување.

Руралните и планинските области се соочуваат со бројни предизвици во областа на водоснабдувањето, вклучувајќи ги климатските промени, застарената инфраструктура, ограничениот капацитет за управување и недоволната вклученост на локалните заедници во процесот на донесување одлуки. Проектот WATERVILL има за цел да развие иновативни, прилагодливи и применливи решенија што ќе ги поддржат локалните самоуправи и носителите на одлуки во подобрувањето на управувањето со водните ресурси.

Една од клучните активности на проектот се однесува на анализата на моменталната состојба на системот за водоснабдување и развојот на база на податоци со иновативни технички и управувачки решенија. Посебен фокус беше ставен на развојот на модели на системи за водоснабдување, проценката на отпорноста на решенијата на климатските промени, како и развојот на систем за поддршка на одлуки наменет за локалните власти. Исто така, проектот ќе резултира со развој на препораки за подобрување на политиките за управување со јавното водоснабдување во руралните и планинските области.

Покрај техничките и аналитичките активности, проектот WATERVILL силно го промовира вклучувањето на локалните заедници во управувањето со водните ресурси преку пилот-демонстративни активности, зајакнување на капацитетите на надлежните институции и подигање на јавната свест за важноста на одржливото користење на водата. Проектот, исто така, предвидува развој на национални кластери на знаење, регионални заедници на пракса и програми за е-учење насочени кон подобрување на знаењето и споделување искуства во областа на управувањето.

The post Инфо за проектот appeared first on Општина Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK