Променливо облачно со сончеви периоди, попладне можен пороен дожд и грмежи


skopje-centar-kej-kameni-most.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде умерен, а наместа повремено и со силен интензитет.


Минималната температура ќе се движи од 9 до 15 степени, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд во одделни делови од котлината. Ќе дува умерен северен ветер, а температурата ќе се движи од 13 до 32 степени.

Според прогнозата, од понеделник времето ќе биде претежно сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од северен правец, особено во понеделник и вторник, кога на места ќе достигнува брзина поголема од 50 километри на час.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK