Иран: Нема да преговараме со САД додека Вашингтон не го промени пристапот


1773320587_teheran-depositphotos_379945782_l.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иран нема намера да започне преговори со Соединетите Американски Држави сè додека Вашингтон не го промени својот пристап, објави иранската агенција „Фарс“, повикувајќи се на неименувани извори блиски до преговарачкиот тим.


Според изворот, Техеран не побарал разговори со САД, а тврдењата во дел од медиумите дека Иран иницирал преговори се оценети како неточни.

„Иран не побара преговори со Соединетите Американски Држави и нема да има разговори додека Вашингтон не се откаже од сегашните позиции“, наведува агенцијата.

Изворот посочил дека како доказ за промена на американската политика, САД треба да ги спроведат претходно постигнатите договори. Меѓу условите што ги навел се формирање посебна работна група за Либан со цел завршување на конфликтот и повлекување на силите, решавање на прашањето за пловидбата низ Ормускиот Теснец во согласност со барањата на Иран, како и обновување на нормалниот извоз на иранска нафта.

Од Техеран додаваат дека секоја шпекулација за почеток на преговори пред исполнување на овие услови е неоснована и не ја одразува актуелната состојба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

(Видео) Стојаноски: Пред почеток на учебната година Владата со конкретни мерки ги поддржува семејствата, ранци, тетратки, пенкала, моливи, боици по пониски цени Почитувани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со конкретни мерки кои директно значат грижа и поддршка за граѓаните и за семејниот буџет. Во таа насока со почетокот и на оваа нова учебна година Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, мерка која ќе трае заклучно со 30-ти септември годинава. Со одлуката трговците на големо се задолжуваат да ги намалат цените на училишниот прибор за најмалку 10%. Истовремено трговците на мало се задолжуваат да обезбедат намалување на цените од најмалку 15%. Ова е конкретна и директна поддршка за семејствата во период кога родителите имаат зголемени трошоци за подготовка на своите деца за новата учебна година. За семејствата со повеќе од еден ученик ова ќе значителна помош и заштеда на семејните буџети. Мерката опфаќа широк спектар производи. Практично се што им е потребно на учениците за учебната година ќе можат да го набават со намалени цени почнувајќи од ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала, боици, пластелинни, теста за моделирање, фломастери, линијари и дидактички материјали, како и многу други производи неопходни за почетокот на учебната година. Целта на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасна. Родителите да можат да го обезбедат потребниот училишен прибор за своите деца по пониски и попристапни цени. Ова е трета година по ред каде што пред почетокот на учебната година Владата воведува училишна кошничка со единствена цел да им го олесни месец септември на родителите и семејствата, да ги заштеди семејните буџети и да го заштити животниот стандард на граѓаните. Септември и почетокот на учебната година треба да биде момент на среќа и убаво расположение како на учениците што се враќаат во училишните клупи, така и за родителите кои треба да ги подготват своите деца со сите потребни материјали за на училиште, а не моменти на грижа и на стрес како да се намерат трошоците. Токму затоа Владата продолжува со политики кои носат конкретна корист за граѓаните и директно придонесуваат за заштита на животниот стандард.