Се шири шумскиот пожар во Шпанија, евакуирани околу 1.500 луѓе


screenshot-2026-07-11-083407.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 12 лица загинаа во разорниот шумски пожар што продолжува да се шири во јужна Шпанија, уништувајќи околу 6.600 хектари шума и ниска вегетација во покраината Алмерија.


Според шпанските власти, пожарот избувнал во четврток, а првичните сомнежи се дека бил предизвикан од дефект на далновод. Огнената стихија е најинтензивна во близина на општините Лос Гаљардос и Бедар, на околу 70 километри североисточно од градот Алмерија.

Иако повисоката влажност на воздухот и послабите ветрови донекаде ги олесниле напорите за гаснење, пожарот и натаму претставува сериозна закана. Министерот за правда Феликс Боланос изјави дека дел од пожарот е ставен под контрола, но ситуацијата во други подрачја останува критична.

Пожарот зафатил подрачја во близина на популарните медитерански плажи, меѓу кои и Плаја де Мохакар. Поради опасноста, евакуирани се речиси 1.500 жители и туристи, најголем дел од нив британски државјани.

Според властите, дел од жртвите загинале уште во првата ноќ од пожарот додека се обидувале да избегаат од пламените јазици, но го избрале погрешниот правец за евакуација. Осум лица се здобиле со тешки повреди.

Надлежните соопштија дека постојат силни индиции дека меѓу загинатите има британски и белгиски државјани, но нивниот идентитет сè уште се утврдува бидејќи процесот на идентификација е отежнат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK