Со интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, за еден час ставен под контрола и локализиран пожарот во магацин или друг простор на Јужен булевар, во скопската Општина Кисела Вода. Пожарот e во близина на Пазарната инспекција, на еден километар од центарот на Скопје близу до Рампа. Нема жртви, но еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника, соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.
„Од запалениот објект се слушаа пукотници, најверојатно од електрична енергија. Црниот чад се гледа од далеку“, кажа директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.
На местото на пожарот беа повеќе пртивпожарни коли и едно амбулантно возило, а се сечеа и дрвја.
Мирис на изгорено се чувствуваше низ цела Кисела Вода.
Во септември 2022, неколку бараки беа зафатени од пожар во близина на Рампа во центарот на Скопје на територијата на Општина Центар. На новинарското прашање дали можеби пожарот е намерно подметнат за да може на местото на бараките да се гради зграда, градоначалникот Горан Герасимовски тогаш рече дека од такво нешто нема потреба, бидејќи има важечки Детален урбанистички план (ДУП).
Неколку месеци подоцна, на местото на изгорените бараки почна да се гради зграда.