(Видео) Ако мислите дека сте лоши во својата работа, погледнете ја новата портпаролка на Трамп


14359760.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ако мислите дека не сте добри во својата работа, првата прес-конференција на новата портпаролка на Трамп, Кети Закарија, можеби ќе ви понуди мала утеха. Нејзиното појавување траеше само 14 минути, а поголемиот дел од тоа време таа го помина читајќи однапред подготвени пофалби за Доналд Трамп.


Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, каде што корисниците немилосрдно коментираа за нејзиното пелтечење и тешкотиите при читањето; некои дури и ѝ се потсмеваа, тврдејќи дека таа „не знае ни да чита“.

Момент што привлече особено внимание беше кога Закарија направи лапсус, мешајќи го Трамп со сопствениот сопруг. Иако веднаш се поправи, снимката од тој момент предизвика уште поголемо исмевање на интернет.

Нејзиното деби беше критикувано и поради тоа што им дозволи на новинарите да постават само неколку прашања, додека поголемиот дел од конференцијата го посвети на фалење на Трамп и неговата администрација.

Брутални коментари на социјалните мрежи
Видеото од првото појавување на новата портпаролка брзо стана вирално, а корисниците на социјалните мрежи не ги штедеа критиките. Тие особено се фокусираа на нејзиното пелтечење, потпирањето на подготвено сценарио и несигурниот начин на излагање.

„Таа е речиси исто толку неписмена колку и Трамп“, „Боже, следниве две години ќе бидат долги“ и „Можеби грешам, но не верувам дека ја добила работата поради своите вештини за читање“, „Срамно. Ова е вистинска прес-конференција во Белата куќа, а не скеч од Saturday Night Live“. „Ѝ давам два месеца“. „О, Боже, ова е болно за гледање“. „Како оваа личност се квалификувала за оваа работа?“, ова беа само дел од коментарите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK