Хилари Свонк беше забележана на улиците во Њујорк за првпат откако објави дека го очекува своето трето дете на 53-годишна возраст. Фотографиите веднаш се проширија на социјалните мрежи.
Веста дека Хилари Свонк очекува трето дете на 53 години ги израдува многумина. Познатата актерка сподели прекрасно видео од своето семејство на Инстаграм, откривајќи дека е бремена и дека семејството наскоро ќе се прошири.
View this post on Instagram
A post shared by MTN ( Movie TV News ) (@movietvnewsofficial)
Неколку часа по објавувањето на видеото, Хилари беше видена на улиците во Њујорк, каде што ги воодушеви сите со својот изглед и лежерниот стил за трудници.
Таа носеше фармерки со низок струк, искомбинирани со бела маица и шарен плетен џемпер. Нејзиниот труднички стомак беше јасно видлив, а изгледот го заокружи со едноставна шминка во неутрални тонови и коса стилизирана во благи бранови.
Судејќи според фотографиите, таа беше во одлично расположение, поздравувајќи ги присутните фотографи со блескава насмевка.