Сончево со мала до умерена облачност, попладне локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи


prolet-kej-sonce-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.


Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Времето во наредните денови

До крајот на работнава седмица и почетокот на викендов, времето претпладне ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди. А попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи, особено во вторник. Дневната температура ќе биде во пораст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK