Тунис го отпушти селектор по дебаклот од Шведска


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот сојуз на Тунис, му врачи отказ на селекторот на селекторот Сабри Ламуши. 54-годишникот е отпуштен поради тешкиот пораз од Шведска (5:1), во 1. коло од Светското првенство,

Одлуката да му биде врачен отказ на селекторот била донесена неколку часа по првиот меч на Мундијалот. На состанокот е решено, помошникот Вахби Хазри да го води тимот до крајот на Светското првенство, а Мондер Кебајер се споменува како нов селектор по Светското првенство.


Медиумите во Тунис ја опишуваат оваа одлука како преседан и очаен потег на националниот сојуз, кој е под огромен притисок од јавноста. Критиките кон Ламуши се засилија пред Светското првенство поради слабите настапи во подготвителните натпревари, но малкумина очекуваа дека тој ќе биде заменет по првото коло од групната фаза, без оглед на убедливиот поразот од Шведска.

Се очекува Фудбалскиот сојуз на Тунис дополнително да ги разјасни причините за толку брзата одлука во наредните денови. Се шпекулира дека постоеле нарушени односи меѓу Ламуши и дел од соблекувалната, како и дека некои искусни репрезентативци отворено го изразиле своето незадоволство од неговиот избор на тактика и персонал за натпреварот против Шведска. Ламуши беше назначен за селектор во јануари оваа година. Тој одигра пет натпревари како селектор и има една победа, едно реми и дури три порази.

До крајот на групната фаза на Светското првенство, Тунис ќе има дуели против Јапонија (21 јуни) и Холандија (26 јуни), но по поразот од Шведска со 5:1, тешко дека можат да направат изненадувања.

Сабри Ламуши не е првиот селектор кој е отпуштен среде Светското првенство. Тоа се случило и претходно.

Нигерија го смени селекторот Филип Трусие за време на првенството во Франција во 1998 година, а Саудиска Арабија го замени Насер Ал-Џохар по поразот од Германија во 2002 година со огромни 8:0.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK