Тројца загинати во израелски воздушен напад врз јужен Бејрут


izrael-vojna-Depositphotos_684812144_L.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Три лица загинаа во израелски воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут, втор таков напад во изминатата недела. Израел соопшти дека акцијата е одговор на ракетните напади на Хезболах врз негова територија.


Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел нема да толерира напади врз својата територија, додека армијата соопшти дека прецизно погодила инфраструктурен објект на Хезболах во населбата Дахија.

По нападот, Иран ги обвини САД дека не ги исполнуваат своите обврски и порача дека е бесмислено да продолжат разговорите доколку нема напредок. Новата ескалација може дополнително да ги загрози напорите за постигнување мировен договор на Блискиот Исток.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK