Филипче без тронка срам одиш и ги лажеш граѓаните, но има еден голем проблем, никој не ти верува, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче да те потсетиме дека кога заминавте од власт, оставивте долгови, неисплатени субвенции за 2020, 2021, 2022 и 2023 година. Можеби дојде време да одговорите на земјоделците каде тие пари завршија.
Дали токму со парите на земјоделците си купивте визи во Дубаи, станови по скапи комплекси низ Скопје?
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од самото доаѓање на власт исплати 350 милиони денари за неисплатени плати на вработените во ЈП Национални шуми и АД Водостопанство. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 27.07.2024 до 31.12.2024 исплати близу 4 милијарди денари.
Вкупно од 27.07.2024 година до денес исплатени се близу 14 милијарди денари за заостанати и тековни обврски.
Филипче наместо да дигаш паника меѓу земјоделците, одговори им зошто во ваше време се вметна во законот за вино дополнителни 8%, кои винариите им ги кратат на лозарите.
Филипче одговори на лозарите зошто не ја изготвивте методологијата за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје, туку Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја донесе за 18 дена.
Не ви поминуваат лагите, прочитани сте, подгответе се за длабока опозиција.
Резултатите во земјоделството се видливи, земјоделците имаат партнер во Владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ и знаат дека никогаш нема да бидат оставени сами како со СДС“, се вели во реакцијата.