(Видео) Најмоќниот агент од НБА е „до уши“ заљубен во Адел: Конечно проговори за нивната врска


10770683.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во гостувањето во подкастот „Glass Half Full“, чиј водител беше новинарот Крег Мелвин, Рич Пол се осврна на многу теми, вклучувајќи ја и неговата врска со пејачката Адел.


Како што рече, ја познавал познатата кантавторка долго пред нивното познанство да се претвори во романтична врска. Иако строго се придржувал до едно правило – да не влегува во романтични врски со луѓе од кругот на славните, се чини дека шармот на Адел бил посилен од неговиот став.

„Никогаш не сум бил од типот што се обидува да ги освои луѓето од тие кругови. Значи, сè меѓу нас се случи сосема природно и спонтано“, рече тој.

View this post on Instagram

A post shared by the Jasmine BRAND (@thejasminebrand)

Потоа откри како се запознале.

„Сите бевме во исти кругови, се дружевме, разговаравме и се шегувавме. Сè беше многу пријателско и срдечно“, се присети тој.

Потоа Пол на шега додаде дека нивната врска во еден момент престанала да биде „пријателска“ и дека тој станал личност од посебен интерес за познатата пејачка.

Адел и Рич Пол првпат предизвикаа гласини за врска во 2021 година, кога беа видени заедно на натпревар од НБА. Пејачката јавно ја објави нивната свршувачка во август 2024 година.

Адел претходно беше во брак и со Сајмон Конеки, со кого има син. Нивниот брак траеше од 2018 до 2021 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK