Вчера во 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Лазар Трповски“ во Скопје, мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот И.Ф. удрил во 52-годишната Џ.Б., двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Џ.Б., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.