Вчера во 18:35 часот во ОВР Кратово е пријавено дека магистралниот пат село Страцин, кратовско, кај место викано „Поповски рид“, 21-годишниот М.Т. од Куманово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот удрил во карпа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Ургентен центар Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кратово.