Холивудскиот актер Рајан Рејнолдс се присети на тешката сообраќајна несреќа што ја доживеал на 18-годишна возраст, по која поминал четири недели во болница.
Во разговор за GQ, актерот откри дека по едно испиено пиво решил да не седне зад воланот и наместо тоа тргнал пеш кон дома. Додека ја минувал улицата, во него удрил пијан возач.
„Ми беше скршена секоја коска на левата страна од телото“, изјави Рејнолдс, додавајќи дека ударот бил толку силен што автомобилот на возачот повеќе не бил во возна состојба.
Актерот претходно откри дека по несреќата бил во бесознание три дена.
И покрај тешкото искуство, ѕвездата на Deadpool со години сам ги изведувал акционите сцени во своите филмови, иако признава дека со возраста станал повнимателен кога станува збор за опасните каскади.