Вработена во училиште во Црешево починала откако ѝ се слошило


uchilnica-uchilishte-nasha.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Педесет и седумгодишна жена починала во основно училиште во селото Црешево, скопско, каде што била вработена, соопшти Министерството за внатрешни работи.


Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 9 јуни околу 11:35 часот. Според пријавеното, на В.Ѓ. (57) ненадејно ѝ се слошило додека била на работното место, по што починала.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција за утврдување на точните причини за смртта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK