Јуриен Тимбер ќе го пропушти Светското првенство. Дефанзивецот на холандската репрезентација и на Арсенал не успеа соодветно да се опорави од повредата на препоните, па тренерот Роналд Куман одлучи наместо него да го повика Лутшарел Гертруида, дефанзивецот на Сандерленд.
Повредата на Тимбер е тежок удар за Холандија, со оглед на тоа што тој е нивниот втор највреден играч. „Трансфермаркт“, ја проценува вредноста на Тимбер на 70 милиони евра, десет помалку од играчот од средниот ред на Ливерпул, Рајан Гравенберч.
Тимбер не играше повеќе од два месеци, па се врати во финалето на Лигата на шампионите.
Препоните ги повреди кон средината на март и пропушти повеќе од два месеци. Тој се врати на теренот во финалето на Лигата на шампионите, каде што играше од 66-та минута во поразот на Арсенал од Пари Сен Жермен по изведувањето на пенали.
До повредата минатата сезона, Тимбер беше стандарден играч во првиот тим на Арсенал на позицијата десен бек. Тој одигра вкупно 44 натпревари со учинок од четири гола и седум асистенции. Тој беше со Холандија на Светското првенство во 2022 година, но ова е негово второ големо натпреварување по ред кое го пропушта поради повреда. Тој не учествуваше на Европското првенство пред две години бидејќи се опоравуваше од скинати предни вкрстени лигаменти.
Foto/ Depositphotos