Утре променливо облачно време со сончеви периоди, температурата до 32 степени


prolet-kej-sonce-1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информира УХМР.


Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Следува период на променливо облачно и топло време со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK