Жител на Дебар изградил објект без решение за градба на државно земјиште вредно скоро четири милиони денари.
Според информациите на МВР, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против Г.И.(64) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.
Во текот на 2026 година на катастарска парцела на место викано „Шпиље“, која е во државна сопственост, пријавениот со метални столпчиња заградил парцела во која е поставен објект без решение за градба, со што пријавениот противправно се стекнал со државно земјиште и со имотна корист од 3.960.000 денари.