Вооружен маж бил забарикадиран во куќа во Германија со часови, полицијата го привела


depositphotos_335943222_s.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

67-годишен маж, за кој се претпоставува дека е вооружен, со часови одбивал да ја напушти куќата во градот Шеслик, во германската сојузна покраина Баварија, поради што полицијата блокирала неколку улици и ангажирала специјални единици.


Мажот ја напуштил куќата без оружје доцна попладнето, по неколку часа преговори со полицијата, а потоа бил однесен во болница бидејќи бил во лоша ментална состојба, објавува германскиот медиум „Билд“.

Полицијата првично го контактирала мажот, за кого се сомневало дека има оружје, но на почетокот не било познато дали станува збор за вистинско огнено оружје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK