Средба Мицкоски – Мацут: унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски


710556505_1591705255644728_1096431070658780431_n.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, оствари средба со претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут. На средбата, разговарале за унапредување на билатералната соработка, регионалната стабилност и можностите за продлабочување на економските и институционалните врски меѓу двете земји.


„Во пријателска и конструктивна атмосфера разменивме мислења за актуелните предизвици и заедничките приоритети, со посебен акцент на јакнењето на регионалната поврзаност, инвестициите и соработката во области од заемен интерес. Ја потврдивме подготвеноста за понатамошно развивање на добрососедските односи и заедничка работа во насока на просперитет, стабилност и подобра иднина за граѓаните на двете држави“, објави Мицкоски.

Премиерот Мицкоски со владина делегација е во посета на Србија, каде во Нови Сад попладнево беше одбележан големиот јубилеј – 80 години од доселувањето и организираниот живот на Македонците во Војводина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK